Што во случај на сообраќајна незгода?  

Сообраќајните незгоди за жал се чести и покрај мерките за подобрување на безбедноста на патиштата и безбедносната опрема во современите возила...Тоа се непредвидливи мигови по кои најчесто посакуваме „да можеше времето да се врати наназад“. Главно се должат на грешки или невнимание и често завршуваат со мало или поголемо оштетување на моторните возила. Но сведоци сме и на сообраќајки со многу посериозни последици за возачите, сопатниците или другите учесници.

Доколку Ви се случи Вам...

Во првите мигови сте конфузни, низ главата Ви се враќа „филмот“. Кој, што, како се случи! Што ќе следи? На какви проблеми ќе наидете? 

Наша цел е да Ви помогнеме со неколку совети околу постапката која се однесува на должностите на учесникот во сообраќајна незгода. Што треба да сторите веднаш, а што подоцна, за да го остварите Вашето право на надомест на штетата на наједноставен начин?

Должност во случај на сообраќајна незгода:

Доколку се најдете на местото на сообраќајна незгода во која има повредени лица должност Ви е да укажете (повикате) прва помош на повредените.

Ако е настаната мала материјална штета:

Потребно е веднаш да ги одстраните возилата од патот за сообраќајот да продолжи да се одвива непречено. Потоа, пополнете и потпишете Европски извештај за незгодата или на друг начин разменете ги личните податоци и податоците за возилата.

Доколку другиот учесник во сообраќајната незгода одбие да ги достави личните или податоците за возилото,  или го напушти местото на сообраќајната незгода, доколку имате различни мислења околу одговорноста за инцидентот, или во сообраќајката е вклучено нерегистрирано или возило со странски регистарски таблички, доколку возачот е под дејство на алкохол или без возачка дозвола...тогаш најдобро е да повикате полиција која ќе дојде на местото на сообраќајната незгода.

Во случај некој да изгуби живот или е повреден, или во случај на голема материјална штета:

Веднаш повикајте прва помош и останете на местото на сообраќајната незгода. Времено можете да го напуштите местото на незгодата само доколку пружате помош на повредените лица, или ако Вам Ви е потребна помош. Преземете ги сите потребни мерки за да не дојде до дополнителни опасности.

Погрижете се да не се менува состојбата на местото на сообраќајната незгода за да се сочуваат постоечките траги.

Запалете ги сите четири трепкачи на возилото и поставете сигнален триаголник (најмалку на 50 м оддалеченост од местото на сообраќајната незгода).

Инцидентот пријавете го во полиција.

Вести:
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви

Брошури