Осигурување од природни катастрофи

Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје почна со продажба на Осигурување од земјотрес – првиот производ произлезен од соработката со Европа Ре – специјализирана компанија за реосигурување на имот од катастрофи, со седиште во Швајцарија.

Програмата на Европа Ре, поддржана од Владата на Република Македонија, е креирана за да им понуди на граѓаните, на бизнис секторот и на земјоделците – ефикасен и ефтин начин за обезбедување долгорочна стабилност и заштита на имотот и дејноста од реалните ризици од природни непогоди, кои можат да се случат во секој момент и секаде.

АЛБСИГ АД е единствената компанија во Македонија која ги продава на пазарот продуктите на Европа Ре, чиј проект е поддржан и од Светска банка, Швајцарската организација за економска соработка, Европакста Унија и Обединетите Нации.

Во септември се очекува да биде промовирано и осигурување од поплави, како и осигурување за земјоделски посеви.

Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605