Транспортно осигурување

Овој продукт предвидува осигурување на сите стоки поединечно, по пратки или по видови (на годишно ниво)  во домашниот и во меѓународниот транспорт. При тоа на клиентите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки им се нуди можност преку АЛБСИГ АД Скопје, со квалитетно осигурително покритие за стоките во транспортот, да бидат континуирано осигурени од најразлични потенцијални ризици до кои може да дојде при превозот по копнен, морски и воздушен пат.
 

Осигурени ризици на стока во транспорт


Предмет на осигурување се ризиците кои можат да се јават при превоз на стока,  кои можат да влијаат за нејзино оштетување:

    1. Основни транспортни ризици: виша сила, елементарни непогоди, пожари, самозапалување и експлозии, сообраќајни несреќи и разбојништво.
    2. Дополнителни ризици: кражба и неиспорака, манипулативни ризици (невнимание при утовар, истовар и претовар, кршливост, расипливост и слично) и други ризици.
    3. Штети поради недостатоци и природни својства на стоката: лесна кршливост и растурливост, оксидација, инсекти, микроорганизми и слично.
    4. Воени и политички ризици како немири, побуни, револуции, политички одлуки...

Штети причинети при превоз на стока, покриени со транспортно осигурување


Последица од настанатите ризици се штетите од типот на вистинска целосна загуба, изведена целосна загуба, заедничка или генерална хаварија, поединечна или партикуларна хаварија, награда за спасување, поединечни или партикуларни трошоци, задолжителен надомест за трети лица.
 

Полиса за осигурување на стока во превоз која овозможува осигурување на транспортот


По комплетирањето на податоците за осигуреникот, видот и количеството на стока, начинот на пакување, вредноста на стоката, валутата, превозниот пат (домашен или меѓународен), копнен (камионски или железнички), воден (поморски, речен или езерски) и воздушен, како и по дефинирањето на релацијата и времето на осигурување со почетна и крајна точка на патувањето (од моментот на утовар на стоката до моментот на истовар, од моментот на предавање на стоката на превозник до моментот на испораката, од моментот на напуштање на складот на испраќачот до моментит на пристигнување на стоката во складот на примачот) се изработува:
    -поединечна полиса за осигурување на секоја одделна пратка на стока која најмногу е употребувана во меѓународниот транспорт на стоки или
    -генерална полиса која покрива осигурување на различни видови стоки преку разни релации и насоки и комбинирани транспортни средства, а која се издава на определен временски рок - најчесто на 12 месеци и која опфаќа повеќе патувања.

Вести:
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви

Брошури