Примена на Европскиот извештај за сообраќајна незгода


Европскиот извештај за сообраќајна незгода е унифициран образец кој се пополнува во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета, а го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода без присуство на овластен полициски службеник.

Европскиот извештај не ја утврдува вината на учесниците во сообраќајната незгода. Со него се утврдуваат начинот и околностите под кои се случила незгодата.

Постојат исклучоци во примената на Европскиот извештај во случај на мала материјална штета. Учесниците во сообраќајната незгода се должни да повикаат полиција во случаи кога:

  • едно од возилата нема регистарски таблички или не е осигурано;
  • едно од возилата има странски регистарски таблички;
  • еден од возачите е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции;
  • еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола;
  • во сообраќајната незгода има повредени лица;
  • возачите не можат да ги усогласат мислењата во врска со начинот и околностите под кои се случила сообраќајната незгода;
  • еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците за возилото или
  • еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.

Мала материјална штета

Во согласност со чл. 2 т. 95 од Законот за Безбедност во сообраќајот на патиштата - мала материјална штета во сообраќајна незгода е:

"Штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот".

Вести:
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви

Брошури