За нас

Не знаеме што не чека зад аголот. Но знаеме дека одлуките
што ги носиме денес можат да бидат клучни за нашиот живот утре. Со осигурителните полиси на АЛБСИГ АД Скопје заштитите се од ненадејни невољи - Вие, семејството, бизност и предметите што ги сакате...
Една грижа помалку! 

Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје е компанија за неживотно осигурување со постојан раст, присутна на македонскиот пазар од 2007 година. Нудиме квалитетни продукти и високи стандарди во комуникацијата со клиентите - индивидуалци, мали и средни претпријатија и институции.

Се стремиме кон зголемување на нашето присуството на пазарот, постојано адаптирајќи ја понудата кон динамиката на живот и работа во Македонија. Стручноста на преку 100-те вработени се рефлектира низ услугите и осигурителните решенија  прилагодени кон потребите на секој клиент, конкурентни, применливи, ефикасни и исплатливи.

Негувајќи култура на доверба и успех, ние во АЛБСИГ АД секогаш сме им посветени на осигурениците, унапредувајќи го угледот и растот на компанијата. Илјадници клиенти се уверија во ова и одлучија со нас да градат партнерски односи, на долги патеки...

Сакаме во овие несигурни времиња да им помогнеме на луѓето да ја разберат потребата и да се заштитат од ризици - себеси, семејството, имотот и работата.

Сакаме да Ви помогнеме да живеете барем со една грижа помалку. Затоа, осигурете ја својата иднина...уште денеска!

Седиштето на АЛБСИГ АД е во Скопје, но дејствуваме низ цела Македонија преку подружниците во 20-тина градови. Нашите осигурителни продукти се нудат и преку брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички агенции во земјата.


Според извештајот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2013 година, АЛБСИГ АД учествува со околу 5% во вкупното портфолио на неживотно осигурување во Македонија.

Генералната Дурекција на АЛБСИГ АД Скопје се наоѓа на адреса:

Ул. „1737“ бр.32, влез 1, локал 45 (Палата Зум)
1000 Скопје
Поштенски фах 514

тел:   
+389 (0) 2 3122 385
тел:    +389 (0) 2 3220 605
факс: +389 (0) 2 3215 780

www.albsig.com.mk
info@albsig.com.mk

Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605