Борба против измами во осигурувањето

 Албсиг осигурување, Albsig osiguruvanje

Измамите во осигурувањето не се сметаат за криминал без жртви. Напротив, последиците се многу сериозни за лицата што ќе бидат прогласени за виновни за измама, а не се исклучуват и тешки казни.

АЛБСИГ не толерира измами и со сите средства се бори за спречување, откривање и испитување на обидите за измама. 
 

Но и покрај се во Европа се проценува дека утврдените и неутврдените измами изнесуваат околу 10% од вкупните побарувања за надомест на штети од осигурување. Оваа бројка се разбира варира меѓу одделни земји и класи на осигурување, а во извесна мера зависи и од начинот на кој функционира пазарот или од доминацијата на еден тип осигурување во одделна средина.


Постојат различни пристапи во справувањето со измамите во осигурувањето, а методите постојано се унапредуваат. Во некои земји фокусот се става на точната проценка на утврдените и неутврдените измами, други земји во преден план ги ставаат обидите за вкупно намалување на измамите. Но сепак целта е иста - да се пронајдат најефикасните начини за спречување или барем за полесно препознавање на измамите.


Обиди за лажно извлекување пари од осигурителните компании се прават на различни начини, со различни типови на осигурување, но тие најчесто подразбираат: давање неточни или нецелосни информации или одговори во апликациите/образците за осигурување; барање за надомест на штета врз основа на неточни или лажни околности (вклучувајќи и преовеличување на барањето) и секаков друг начин на лажење или неискреност во комуникацијата со осигурителната компанија со намера да се извлече добивка од договорот за животно или неживотно осигурување.


Измамите можат да бидат дело на носителите на полиса, но и на трети лица кои имаат побарување врз основа на осигурителна полиса. Се прават главно од користољубиви побуди, вклучуваат од фантом-патници и измислени повреди до сериозно обработени заговори од организирани криминални групи.


Еве неколку примери:

Во Британија познат е случајот на “човекот во кану“ кој ја измисли дури и сопствената смрт, наводно со давање во море додека веслал кану. Но тој сепак беше пронајден, жив и здрав, во Панама каде што живееше со сопругата трошејќи ги парите добиени од неговото животно осигурување. Двајцата беа осудени на долгогодишни затворски казни.


Во Словенија три лица пред да отпатуваат за Канада на одмор обезбедиле полиси за животно и осигурување од повреди. Твдреа дека таму, наводно, се здобиле со телесни повреди во автомобилска несреќа и бараа надомест на штетата. Подоцна беше откриено дека сите тројца веќе имале поднесено барања за надомест на штета за други несреќи додека ги имале симптомите на повреда. Заработија кривични и други пријави, а мораа да ги платат и трошоците за истрагата и да ги вратат веќе добиените суми од осигурителите.


Во Франција познат хирург измислил приказна дека бил повреден во незгода при скијање, активност која не била покриена со неговото патничко осигурување. Прво тврдел дека наводните повреди му ги нанесол друг скијач, но истрагата тоа го отфрлила. Потоа поднесол „напумпано“ побарување тврдејќи дека повредите ги здобил во сообраќајна несреќа со трето лице. По испитувањето на околностите и ова било отфрлено, а лекарот не добил отштета ниту за вистинските повреди.

Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605