Што претставува зелената карта?

Albsig osiguruvanjeЗелената карта е полиса за осигурување од автомобилска одговорност во државите членки на системот „Зелена карта“. Важи во повеќе од 40 земји, меѓу кои сите членки на Европската Унија. Зелената карта е услов за влез со моторно возило со македонски регистарски таблички во друга држава. Доколку не поседувате Зелена карта ќе треба да платите „гранично осигурување“ кое во основа е поскапо.

Историја на Зелената карта

Економската комисија за Европа при Обединетите Нации во 1949 година ја усвои таканаречената „Препорака бр.5“ упатена до сите европски земји со предлог за склучување договори кои би овозможиле осигурување од договорност за штети предизвикани од возило при посета на странска земја. Препораката број 5 за прв пат спомнува потреба од доказ за осигурување, како потврда дека корисникот на моторното возило е осигурен од граѓанско-правна одговорност за штета предизвикана со употреба на возило кон трети лица во странска земја. Во точка 8 од документот се нагласува дека доказот за осигурување ќе биде со зелена боја. Така се роди Зелената карта. Зелената карта како доказ за осигурување се спомнува и во Критскиот договор од 2003, како „меѓународна карта за осигурување од автоодговорност“ во форма одобрена од Советот на бироа со седиште во Лондон (www.cobx.org). Овој документ стана темел за остварување на правата во меѓународната осигурителна заштита.

Како функционира?

Националното биро на Македонија, како член на Системот на земји членки на Зелената карта, во средината на 1994 година ја презеде одговорноста за печатење и издавање на овој документ, додека осигурителните компании вршат негова продажба и ги исполнуваат правата и обврските кои произлегуваат од издадените Зелени карти.
Периодот на валидност на Зелената карта е ограничен со времето на валидност на полисата за осигурување од домашна автоодговорност. За разлика од полисата за осигурување од домашна автоодговорност, а во полза на правната сигурност на оштетените, осигурувањето кај Зелената карта во целост ги покрива двата наведени дена - и денот од кога почнува и денот кога изминува важноста на осигурувањето. Со воведување на Системот на Зелена карта се изедначува положбата на третите лица на кои им е нанесена штета при употреба на моторни возила со странска регистрација со положбата на трети лица на кои им е нанесена штета при употреба на моторно возило со домашна регистарска табличка.

Што треба да сторите во случај на сообраќајна незгода во странство?


1.
Доколку за сообраќајката е одговорно лице во возилото со странска регистрација, задолжително побарајте ја копијата ( вториот примерок) од неговата Зелена карта или од полисата за осигурување од домашна автоодговорност. Вашето барање за надомест на штета упатете го до компанијата каде што е осигурено возилото кое Ви нанесло штетата.
2. Во случај кога Вие сте виновен/а за сообраќајната несреќа Ваша обврска е по барање  на другиот учесник или органот кој врши увид, да ја приложите копијата ( вториот примерок) од Зелената карта.
 
Како наш осигуреник имате обврска во најкус можен рок да не известите за околностите кои довеле до незгодата и за штетата што сте ја предизвикале.

Што во случај на сообраќајна незгода во Македонија? 

Доколку на територијата на Република Македонија Ви се случи сообраќајна незгода со возило со странска регистрација, Ваше право е да побарате копија ( втор примерок) од Зелената карта на другиот учесник или од надлежниот орган кој врши увид. Тоа ќе Ви овозможи побрзо и полесно да ја надоместите штетата. Барањето за надомест може да го поднесете до Националното биро за осигурување на Македониј, односно до осигурителната компанија која ќе биде посочена од оваа институција. 
     

Za site podetalni informacii vo vrska so pravaта i obvrskiте koi proizleguvaat od Zelenata karta можете да се obratete до: 

-Национално биро за осигурување на Македонија
Тел. 00 389 2/ 313 6172

- Друштво за осигурување АЛБСИГ АД Скопје
Тел. 00 389 2/ 312 2385
                       

Вести:
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви

Брошури