Вредности и заложби на АЛБСИГ

Ние во АЛБСИГ АД Скопје сме горди на приоритетите и вредностите на нашата компанија :

- Интегритет: фокусираност кон клиентите со отворен, искрен и фер однос. Доследна примена на законската регулатива, прописите и внатрешните правила.

- Отворени кон промените: за да бидеме успешни постојано се развиваме и прифаќаме промени. Ги слушаме реакциите на нашите осигуреници и секогаш сме отворени за искрен дијалог.

- Професионалност: гарантираме дека секогаш ќе наидете на стручен, а истовремено топол пристап во контактите со нашата компанија на сите нивоа. Се стремиме кон највисок квалитет и постојано унапредување во се што работиме.

- Тимска работа: функционираме како еден тим...како еден АЛБСИГ! Ги вреднуваме разноликоста и талентот на нашите вработени и инвестираме во нивната обука. Сфаќаме дека нашиот успех се должи на искуството и знаењето внесено во комапнијата од секој член на тимот поединечно.

- Испорачуваме квалитет: целта ни е секој клиент да добие ефикасна услуга...и нешто повеќе! Тоа е нашата мерка за квалитет. Ги цениме Вашите пари, времето и довербата!

Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605