Едно Патничко осигурување за цел свет

Купивте се што е потребно за патување, за скијање или сончање, билетите и пасошот ги ставивте во џеб – но дали имате Патничко осигурување?

Без оглед дали планирате опуштен семеен одмор на најблиската планина или авантура низ потопли далечни краишта, еден едноставен чекор ќе го направи Вашето патување побезбедно и без стрес - квалитетно Патничко осигурување.
Осигурете се од најчестите ризици уште пред да излезете од дома, а подоцна ќе си заблагодарите себеси.
АЛБСИГ- Патничко осигурување нуди флексибилни можности за да ги заштитите своите лични потреби, семејството или колегите.

Земете ги работите во свои раце, тргнете на пат со самодоверба и со АЛБСИГ- Патничко осигурување...Една грижа помалку!

- Кои се предностите на АЛБСИГ Патничкото осигурување?

1. Целиот свет е една зона; 2. Три лица и повеќе – 20% попуст; 3.Осигурување за лица до 70 години; 4. Почнувајќи од само 16 МКД на ден!

- Колку пакети постојат?

  • РЕЛАКС
  • СТАНДАРД
  • ПРЕМИУМ
  • ВИП

- Што покрива секој пакет?

РЕЛАКС: 
1. Трошоци за амбулантско лекување - до 100 €, за болничко лекување - до 15.000€, за стоматолошки третман - до 100€, враќање на посмртни останки - до 3000€, репатријација по завршено лекување - до 100€, репатријација од странство или од болница, во земјата на живеење - до 3500€.


СТАНДАРД : 1. Трошоци за лекување: а) поради болест - до 30.000 €; б) поради незгода - до 30.000 €
2. Осигурување од незгода: а) смрт од незгода - 250.000 МКД; б) траен инвалидитет од незгода - 500.000 МКД;
3. Други трошоци за: а) посета на пациент -до 200 €; б) продолжување на престој  - до 200 €; в) телефонски повици - до 25 €; г) враќање на деца - до 30.000 €;  д) предвремено враќање поради болест или смрт - до 30.000 €; ѓ) враќање на посмртни останки- до 30.000 €.

ПРЕМИУМ : Дополнително на СТАНДАРД- осигурување на багаж и замена на патни документи...

ВИП:  Дополнително - трансфер на деловни колеги, враќање поради тешка несреќа дома или во службени простории, доцнење/откажување на лет, враќање на возило...

 
- Каде да се обратите во случај на невоља?

Се надеваме дека никогаш нема да Ви треба било каков итен медицински третман додека сте на одмор, но доколку сепак се најдете во неприлика мултилингвалниот тим на CORIS International, нашата партнерска компанија во Словенија, ќе ви биде при рака секој ден, во било кое време. Свртете го телефонот +386 1519 2020.

 

Вести:
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви

Брошури