Вести

ЕП гласаше за вграден е-Кол систем во возилата 05-03-2014
Европскиот парламент деновиве гласаше за предлогот на Европската комисија за задолжително поставување повикувачки систем за итни ситуации во возилата, таканаречен е-Кол, чија цел би била намалување на бројот смртни случаи и тешки повреди во сообраќајните несреќи.
 
Insurance Europe пишува дека Парламентот ја повикува Европската комисија да почне да работи, без одлагање, на техничките прашања за една отворена, безбедна и стандардизирана е-Кол платформа.

Таквата платформа на корисниците би им овозможила широк избор провајдери за дополнителни услуги.

Интернет порталот Insurance Europe се согласува со парламентот дека компаниите што ќе ги обезбедат овие услуги ќе треба да ги почитуваат постоечките правила за заштита на податоците. 

Расправата меѓу Европскиот парламент, Советот и Комисијата за постигнување договор околу овој предлог се очекува наесен да се интензивира. 
Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605