Албсиг Инфо

Годишно Собрание на Акционери на Друштво за осигурување АЛБСИГ АД Скопје за 2015 година 01-07-2016
 

 

На ден 18.05.2016 година е одржано Годишно Собрание на Акционери на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје.

На Годишното Собрание на Акционери на Друштвото за 2015 година, Управниот и Надзорниот Одбор ги претставија резултатите на нивното работење во текот на 2015 година, доставувајќи детални Извештаи во врска со превземените активности и мерки во текот на минатата 2015 година што се однесуваат на подобрувањето на работењето на Друштвото со цел остварување на позитивни резултати на целокупното работење на Друштвото.

На Годишното Собрание на Акционери беа разгледани и усвоени Годишната сметка, Финансиските извештаи како и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2015 година односно се разгледа и усвои Извештајот за извршената ревизија на Годишната сметка и Финансиските извештаи од страна на Овластениот ревизор за деловната 2015 година.

Поради тоа што Друштвото во деловната 2015 година оствари загуба, односно негативен финансиски резултат, на Годишното собрание на Акционери се донесе Одлука загубата да се покрие од остварените добивки во наредните години.

Единствениот Акционер на Друштвото на Годишното Собрание на Акционери го разгледа и усвои и Годишниот извештај за работењето на Внатрешната Ревизија на Друштвото за деловната 2015 година и Мислењето на Надзорниот одбор во однос на истиот.

Исто така, Собранието на Акционери на Друштвото, по детално разгледување го усвои и Актуарскиот извештај и потврдата за деловната 2015 година.

Собранието на Акционери го именуваше ЕРНЕСТ И ЈАНГ – Овластени ревизори ДОО Скопје за извршување на ревизија на Финансиските извештаи на Друштвото за деловната 2016 година.

Собранието заврши со работата одкако беа исцрпени сите точки од Дневниот ред.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605