Вести

Измамници во Шпанија отишле предалеку 08-05-2013


Двајца мажи во Шпанија, во надеж дека со измама од осигурувањето ќе добијат до 3 милиони долари, самите си отсекле по една рака за да можат да пријават повреда, но брзо биле фатени затоа што ампутаците била изведена „премногу уредно“ - рекле лекарите.

Двајцата дејствувале во сосема различни и неповрзани инциденти, но сепак нивните планови биле доста слични.

Еден од нив употребил електрична пила за да си ја отсече раката, а тврдел дека ја изгубил во сообраќајна несреќа со неговиот автомобил. Тој побарал надомест од 11 осигурителни компании, во износ од преку 3 милиони долари. Но лекарите повикани да ја прегледаат неговата повреда, рекле дека е сосема јасно оти се работи за „премногу чиста“ интервенција за да се рече дека човекот настрадал во сообраќајка.

Во вториот случај, друг човек си ја пресекол раката до надлактицата, барајќи надомест од околу 780 илјади долари, тврдејќи дека се работи за последица од несреќен случај со електрична пила.

Во Шпанија во последно време нагло се зголеми бројот на лажни пријави на штета и побарувања паричен надомест од осигурителните компании. Земјата и натаму е потоната во длабока рецесија, па некои луѓе посегаат по очајнички методи за да дојдат до пари.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605