Албсиг Инфо

Осигуруванјето од земјотрес-разумна инвестиција 07-08-2014

Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД е првата осигурителна компанија во Македонија што се вклучи во регионалната програма на Европа Ре, реосигурителна компанија со седиште во Швајцарија, за осигурување на имот од природни катастрофи и временски непогоди.Оваа програма е поддржана од владите на Македонија, Албанија и Србија, од Светската банка, Обединетите нации и Европската Унија. Целта е да им помогне на земјите од Југоисточна Европа да се справат со последиците од природни катастрофи.

Генералниот директор на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје, Хашим Реџепи, засега единствениот локален партнер на Европа Ре во Македонија, вели дека оваа програма е дел од напорите за подигање на свеста на населението, за луѓето да ја сфатат потребата од осигурување од земјотрес и други непогоди. 

- Како дојде до одлуката да се вклучите во Европа Ре програмата и што очекувате од неа?

Реџепи: Нашите анализи покажуваат дека во Македонија има голема потреба од осигурување од природни катастрофи и временски непогоди.Всушност, целиот регион на Југоисточна Европа е изложен на елементарни непогоди: земјотреси, поплави, лизгање на земјиштето и др.Неодамна и самите видовме колкава штета нанесоа големите поплави во Србија, БиХ и Хрватска и уште еднаш се соочивме со фактот дека природните катастрофи може да го погодат секого, да се случат во секоја заедница и во било кое време и притоа да нанесат големи финансиски штети. Но, и покрај овие факти кои јасно укажуваат на потребата од ваков вид осигурување, во регионов до неодамна немаше соодветна пазарна инфраструктура, ниту поволно реосигурување кое би им обезбедило на домашните осигурителнит компании да креираат поволни производи за осигурување одземјотрес и други непогоди.Појавувањето на реосигурителната компанија Европа Ре ја менува ситуацијата и создава простор за креирање на продуктите кои недостигаа. Европа Ре е основана од владите на три држави – Македонија, Албанија и Србија, поддржана е од глобални институции како што се Светската банка, Швајцарската организација за економска соработка, Европската Унија и Обединетите нации, а работи според швајцарски стандарди. Сето ова влева доверба дека се работи за сериозен партнер кој ќе претставува стабилна потпора за домашните компании и ќе наметне современи практики во работата. За нас во АЛБСИГ е значајно што Европа Ре ни обезбеди соодветна експертска и техничка поддршка за да можеме да ги креираме поединечните осигурителни полиси, како и соодветна обука за вработените кои ќе ја вршат продажбата.Европа Ре обезбедуваи квалитетното реосигурување за сите издадени полиси, за што поседува капацитет и акредитација од швајцарското телоза супервизија на финансискиот пазар.Токму ваквиот „бекграунд“ на компанијата влијаеше на нашата одлука да се вклучиме во програмата на Европа Ре и како прва осигурителна компанијата на македонскиот пазар да почнеме да ги нудиме таканаречените „Swiss Visual Pro“полиси за осигурување од земјотрес. Јас сум оптимист дека ова ќе биде позитивно партнерство од кое не само АЛБСИГ, туку и нашите клиенти и пазарот во целина ќе имаат исклучително позитивни придобивки.

Кому е наменето осигурувањето од земјотрес и колку чини една полиса? Како се формира цената?


Реџепи:
Овој продукт е наменет за осигурување како на индивидуалните домови така и на имотот на малите и средни претпријатија во Македонија. Цената на секоја полиса се формира во зависност од локацијата и големината на имотот што се осигурува, видот на објектот од градежен аспект и неговата старост, нивото на одбитоци и покритија избрани според полисата за осигурување и други фактори. Затоа е тешко да се каже точната сума на една полиса, но факт е дека АЛБСИГ нуди далеку поповолни полисиод постојните комбинирани полиси за осигурување на имот каде што е вклучен и ризикот – земјотрес.За илустрација, висината на трошокот за полиса за осигурување на еден просечен стан, на месечно ниво, можам да ја споредам со трошокот на пример колку за два пијалациво некое кафуле.Верувам дека ќе се согласите со мене дека ова е симболичен износ за полиса која ќе Ви донесе сигурност, но и надомест на евентуалната штета предизвикана од посилен земјотрес.Колку и да сме внимателни и да го штитиме својот имот, некои работи во животот не можеме да ги контролираме, особено кога станува збор за природните катастрофи. Инвестираме и го градиме својот дом и бизнисотцел живот, а само една непогода може да ни земе сè што сме создале.Затоа тврдам дека вложувањето во осигурување од земјотрес е неопходна, но и исплатлива инвестиција.

- Има ли заинтересираност за осигурување од природни непогоди во Македонија и според Ваше мислење како овој сегмент од осигурителниот бизнис ќе се развива во иднина?

Реџепи: Не можам да речам дека во моментов постои голема раздвиженот, но се надевам дека со текот на времето постепено ќе расте свеста кај населението дека Македонија е ризичен регион во кој се можни природни катастрофи. Илустрирано низ бројки, во моментов само две од 100 домаќинства во земјава поседуваат некакво осигурување од природни непогоди. Слична е состојбата во целиот регион, каде што луѓето не се соодветно едуцирани за менаџирање на финансиските ризици, а и понудата на ефикасни производи за осигурување и реосигурување од природни катастрофи е мала. Јас цврсто верувам дека со сериозна кампања за подигање на свеста и со посветена работа и приближување на новите, поволни и разбирливи осигурителни продукти од програмата на Европа Реќе успеемеполека да ја менуваме оваа состојба.

- Кои други осигурителни продукти се очекуваат во блиска иднина?

Реџепи: Освен осигурувањето од земјотреси, кое веќе е во продажба во сите филијали на АЛБСИГ низ Македонија, наскоро ќе ги промовираме и останатите полиси:Индексирано осигурување на остварени приноси од посеви и осигурување на имот од поплави. Верувам дека за овие продукти ќе има навистина голем интерес, бидејќи се многу свежи сликите од неодамнешните поплави на Балканот, па и локалните во Македонија. Стотици домови и деловни простории, повеќе или помалку, претрпеа штета само од половина час пороен дожд во Скопје во јуни, а уште поголема беше штетата врз земјоделските и лозарски насади во реоните на Кавадарци, Штип, Прилеп, Неготино, Кочани…Накусо, сметам дека се отвора голема перспектива за развој на пазарот на осигурување од природни катастрофи и временски непогоди во целиот регион.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605