Вести

АЛБСИГ на второ место по исплата на штети за АО 26-09-2013


Според најновиот извештај на Националното биро за осигурување на Македонија кој ги нотира движењата во осигурителната индустрија во првата половина од 2013,  АЛБСИГ АД Скопје се наоѓа на второто место според бруто исплатените штети за осигурување од автоодговорност.

Бројките покажуваат дека Друштвото за осигурување АЛБСИГ, од 1-ви јануари до 30-ти јуни годинава, вкупно има исплатено 94.544.000 денари (околу 1.500.000 евра) за штети направени во сообраќајни незгоди, кои се однесуваат на 1031 барања за обесштетување.

Во однос на вкупно исплатените штети, за сите видови издадени полиси, АЛБСИГ во првите шест месеци од 2013 има исплатено 103 милиони денари, со што се позиционираше на 7-то место на списокот компании за неживотно осигурување во Македонија.

Во споредба со истиот период лани, АЛБСИГ бележи раст од 6,8% во однос на бруто полисираната премија, а во склоп на тоа најголем раст, од 50%, има во продажбата на осигурување од незгода/несреќен случај.

Водечка компанија на македонскиот осгурителен пазар, според податоците од Националното биро за осигурување, и натаму е Триглав со вкупно исплатени 277 милиони денари за обесштетување на своите клиенти во првото полугодие од 2013.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605