Албсиг Инфо

Надзорниот одбор со тројца членови 07-08-2014
На седицата на Собранието на акционери на АЛБСИГ АД Скопје, што се одржа на 25.07.2014 и на продолжението неколку дена подоцна, беше решено бројот на членови на Надзорниот одбор на компанијата да се намали од 5 на 3.

Претседател на Надзорниот одбор останува Шефќет Кастрати, а членови се Наташа Доќина и Бајрам Џаја.

Претседател, пак, на Управниот одбор е Хашим Реџепи - Генерален директор на АЛБСИГ АД, а член е Селаудин Имами - Директор за финансии.

Главните приоритети на управните тела на компанијата се раст на бизнисот и унапредување на позицијата на АЛБСИГ АД на македонскиот осигурителен пазар, како и заштита на клиентите и деловните субјекти преку широка палета на флексибилни осигурителни продукти.
Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605