Вести

Грција разгледува задожително осигурување на имот 11-06-2013

Грчкото Министерство за финансии веќе подолго време ја разгледува можноста за воведување задолжително осигурување на имот од земјотрес и поплава.
Според грчките медиуми, на овој начин би се пресретнала можноста од претрпување голема економска штета од неочекувани случувања, како што се прироните непогоди.
За таа цел формирана е специјална законодавна комисија која ги разгледува сите околности поврзани со предлогот.
Моделот за кој се расправа предвидува создавање фонд со кој ќе управуваат осигурителните компании.
Почетното ниво на осигурителните полиси се смета дека ќе биде 100 000 евра. За имот вреден до овој износ сопствениците би требало да платат од 100 до 150 евра за годишно осигурување. Но во зависност од вредноста, се разбира дека тие ќе можат да ги осигураат своите недвижности и на повисоки суми.
Полисата за осигурување ќе биде задолжителна при секоја трансакција поврзана со имотот – како при продажба, издавање итн.
Лoгиката е ова да функционира на еднаков начин како и задолжителното осигурување за возила.
Се смета дека грчката држава не е во состојба да плаќа надомест на жртвите на природни непогоди како што се земјотресите или поплавите, па поради тоа ја разгледува можноста за воведување задолжително осигурување на недвижниот имот.
Пред две години на сличен начин во Грција беше воведено задолжително поседување Сертификат за енергија кој сопственициите на станови или куќи ги чини од 300 до 500 евра.
Една проценка направена од универзитетски професори сугерира дека евентуален земјотрес во Солун, град со околу 900 илјади жители, со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала, при што би имало 200 загинати – би предизвикал материјална штета од околу 20 милијарди евра.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605