Вести

Турканица за хрватскиот осигурителен пазар 07-08-2013


За неполни два месеци од влегувањето во Европската Унија, според податоците на Хрватската агенција за надзор на финансискиот пазар, одобрување за работа внатре во локалната индустрија за осигурување добиле дури девет странски компании.

Albsig, АлбсигПрви беа ирските осигурувачи Lifeguard и Canterbury, а потоа следеа Pine Indemnity – исто така од Ирска, белгиски Ducroire SA, па словенската „Prva kreditna zavarovalnica, потоа Allianz Risk Transfer од Амстердам и International Transport IC од Лондон. Потоа германската компанија Mannheimer Versicherung, како и британската Society of Lloyd's.

Што е толку интересно на хрватскиот осигурителен пазар, ограничен и според бројот на население и според економската моќ, па по неодамнешното бришење на границите да се привлечат толку нови играчи? Имено, вкупната премија договорена преку активностите на веќе присутните 28 соперници на полето на осигурувањето во Хрватска во 2012 изнесувала само 1,2 милијарди евра.

Хрватските аналитичари барајќи го одговорот се фокусираат на два јможни мотиви за доаѓање на странците - или планирање на некоја нова аквизација или позиционирање за натамошен исчекор во регионот, што гледано долгорочно има поголем потенцијал. На шесте пазари од некогашната СФРЈ премијата минатата година стигна до 563 милиони евра.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605