Вести

Раст во осигурувањето во Источна Европа и Јужна Америка 11-06-2013


Според најголемата компанија за реосигурување во светот, Munich Re, оваа и следната година земјите со брз економски развој се очекува да забележат највисок раст на премиите за осигурителните компании, додека Европа ќе заостанува.

Во студијата објавена деновиве, Munich Re предвидува дека во 2013-2014 година премиите за осигурување на имот/незгода во земјите од Источна Европа и Јужна Америка ќе пораснат за околу 6%.

Во многу земји од Азија, како Кина и Индија, реалната стапка на пораст може да достигне и 10% или повеќе, додека животното осигурување во овој регион како и во јужно-американските земји не се исклучува да достигне и двоцифрен раст – се вели во студијата.

Вкупниот пораст на побарувачката за осигурување главно се должи на економското закрепнување, вели Munich Re, посочувајќи дека глобално животното осигурување се очекува одново да доживее скок, откако беше погодено од намалување на премиите како последица на инфлација во изминатите две години.

Но во Европа оваа година порастот на премиите веројатно ќе биде прилично умерен, особено во делот на животното осигурување, како последица на должничката криза во повеќе земји. Премиите во периферните земји од евро-зоната, прилагодени кон инфлацијата, годинава не се исклучува да паднат, и покрај тоа што повеќето земји од Европската Унија во 2014 полека ќе почнат да бележат економски раст.

Munich Re, компанија чија дејност е помагање на осигурителните компании при зголемени побарувања за надомест на штети , во замена за дел од нивните премии, направи и проекција на пазарот до 2020 година.

Во неа предвидува глобалниот пазар за недвижности да забележи раст од 50%, споредено со 2012 година, достигнувајќи вкупна сума од 1.85 трилиони евра.

Глобалниот пазар за животно осигурување во истиот период се очекува да порасне за скоро две-третини , достигнувајќи вредност од 3,1 трилиони евра.

И во 202о година се смета дека најголем осигурителен пазар ќе бидат Соединетите Држави и Јапонија, по што на третата позиција ќе следи Кина – која во 2010 се наогаше на шесто место.



Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605