Вести

Наскоро доброволно здравствено осигурување 20-02-2013

Осигурителните компании во Македонија се подготвуваат да пласираат пакети за доброволно здравствено осигурвање кои би ги покривале трошоците за партиципација во државното здравство, но би овозможиле и лекување во приватните болници. 
Албсиг осигурување, Albsig osiguruvanje
Откако Агенцијата за супервизија во осигурувањето ќе даде „зелено светло“ за новите осигурителни продукти, компаниите ќе ги обелоденат цените и условите за дополнително здравствено осигурување.

Еден од пакетите се очекува за одредена месечна сума на осигурениците да им овозможи покривање на трошоците за партиципација за лекови, специјалистички прегледи, дијагностички испитувања или болничко лекување во државното здравство.

Друг осигурителен пакет би овозможил целосен третман во приватните болници низ Македонија.

Доброволното здравствено осигурување, кое се очекува да почне да функционира од април оваа година, ќе може да го користат само луѓето кои веќе имаат задолжително здравствено осигурување.

На почеток се смета дека доброволните осигуреници прво ќе треба самите да ја платат партиципацијата за лекови, па потоа да побараат надомест на средствата од осигурителната компанија. 

Но во иднина, особено за поголемите износи, трансферот на парите би требало да се одвива меѓу самите болници и осигурителните компании. 

Засега не е докрај јасно дали и кави ограничувања ќе има за носителите на полиси за лекување во приватните болници.

Осигурителните компании во светот најчесто одредуваат ограничувања, осносно повисоки премии, за осигурување на повозрасните лица или луѓето со хронични болести.
 
Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605