Вести

Дводневна обука во Велес 13-12-2016

Велес, 3-4 Декември 2016 – Друштвото за осигурување Албсиг АД Скопје, во текот на викендот одржа интерактивна обука за сите вработени во компанијата.

Потребата за надоградба на знаењето од осигурување како основен елемент и предуслов за успешна продажба, во согласност и со долгорочните цели на компанијата, за остварување на позитивни резултати во работењето и зацврстување на позицијата на осигурителниот пазар во Република Македонија, ја наметнува потребата за континуирано обучување на тимот за продажба на осигурување, но и на сите чинители како комплетна дејност – осигурување.

Во таа насока, обуката беше поделена на неколку главни сегменти поврзани со дејноста, каде што најпрвин беа дискутирани основните елементи на осигурувањето, поделени по продукти и нивната застапеност во продажбата, со нивни битни параметри и специфицности, како нивен удел во пазарот на осигурување, согледувани низ призмата на практични примери и проблематики со кои посебно се среќаваат агентите во директна и пртактична продажба.

Во вториот дел, беа разгледувани планот за наградување и продажба за 2017 година, очекувањата и анализите направени од компанијата. Притоа, интерактивно беа вклучени во дискусија сите вработени по подружници, со посебен осврт за движењата на пазарот на осигурување.

Понатаму, посебен дел беше наменет за секторот штети, строга евиденција, наплата и финансиско работење, каде што беа изнесени специфични примери и постапки за нивно решавање во насока на што поефективно и ефикасно работење во иднина.

Современото управување и развојот на технологии бара и користење на апликативни системи во секојдневното работење, во која компанијата континуирано напредува и креира алатки за олеснување на работењето, а посебно во насока како Web апликација.

Во интерес на мотивација на цела продажна мрежа, во текот на вториот ден на обуката компанијата одржа и тестирање за агентите за продажба, со што им беше дадено дополнителна алатка за докажување на нивните знаења и вештини за здобивање на сертификати, кои понатаму за нив ќе имаат големо значење во градење , унапредување и матерјални придобивки во нивната кариера .

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605