Вести

Откажете се од мобилниот зад волан! 15-03-2013

Албсиг осигурување, Albsig osiguruvanjeДодека сообраќајните власти во светот се обидуваат да најдат ефикасни мерки за да ги одвратат возачите од пишување текст-пораки или зборување на мобилен телефон додека се зад воланот, ново истражување од Универзитетот на Западна Вирџинија сугерира дека законите немаат големо влијание врз бројот на повреди предизвикани од овој начин на деконцентрација при возење.

Експертите кои работеа на оваа студија велат дека користењето мобилен телефон додека се вози се смета за причина за преку 300 000 повреди годишно во Соединетите Држави, од кои 2600 со фатални последици. Фактот дека бројот на повреди од 2005 до 2009 е зголемен за 22 % води кон заклучок дека со тек на време овој проблем само ќе се зголемува и покрај напорите за спречување на опасната практика.

„Најголем е ризикот за младите возачи, прво затоа што користат мобилки многу повеќе од возрасните, а второ затоа што се помалку искусни зад воланот. Ова наведува на заклучок дека проблемот ќе се продлабочува доколку не се преземат посериозни напори за спречување“ – вели Др. Кобен, еден од истражувачите.

„Проблемот ќе се влошува затоа што многу од младите возачи се израснати со мобилка во рацете и пишувањето текст-пораки за нив е популарна рутина. Но сепак верувам дека во еден момент, откако ќе се достигне врвот, овие навики ќе почнат да се менуваат на подобро. Но до тогаш ќе помине време и ќе бидат потребни заеднички напори, како во кампањата со која се охрабруваа луѓето да користат појаси при возењето или се обесхрабруваа да пијат додека возат“ – додава Др. Жу, исто така вклучен во изработка на студијата.

Во многу земји во светот пишувањето текст-пораки или зборувањето на мобилен е строго забрането, а се водат и жестоки јавни кампањи од компаниите за осигурување, од организации кои се борат за безбедност на патиштата, агенции за превоз и групи кои се залагаат за подобриување на општото здравје.

Но сепак сите овие напори се чини не се доволни за да извршат посилно влијание врз навиките и однесувањето на возачите. Можеби најдобриот одговор лежи во напредокот на технологијата. Истражувачите се надеваат дека по десет години во секој автомобил ќе има вграден систем кој ќе ја попречи работата на сите апарати што треба да се држат во рака додека автомобилот се движи , а ќе дозволува употреба на апарати кои ќе бидат фиксирани. Или со опрема која текст-пораките кои пристигаат или се праќаат, со помош на современа технологија која препознава гласови, ќе ги конвертира во аудио-пораки.

Комбинацијата на новите технологии со строги безбедносни стандарди има потенцијал да спаси животи, а недејствувањето може да резултира со натамошни илјадници жртви секоја година во сообраќајни незреќи предизвикани од деконцентрација од мобилен телефон.



Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605