Вести

Немирните деца го попречуваат возењето 07-03-2014

Децата во автомобил се на врвот на списокот причини кои им пречат на возачите додека управуваат со возилото, покажува најновото истражување на британската институција IAM & Vision Critical.

Дури 29 отсто испитаници рекле дека сопствените деца најмногу им го одземаат вниманието кога се среде сообраќај и би требало да бидат фокусирани токму на возењето.
Токму поради ова, децата додека се возат би требало да бидат ангажирани со некоја тивка активност, за да не го вознемируваат возачот или пак со нив да се занимава совозачот, доколку го има во автомобилот.

Но „малецките“ не се единствените попречувачи во текот на возењето. Забрзаниот стил на живеење и непрестаната потреба за „мултитаскинг“ исто така претставуваат сериозна закана за безбедноста. Солидни 24% од испитаните возачи признале дека во текот на возењето дозволуваат вниманието да им го одземе мобилниот телефон, 10% дека се занимаваат со испраќање СМС пораки, дури 23% од младите возачи го проверуваат статусот на социјалните мрежи додека возат, 27% менуваат станици на радио, 15% се занимаваат со сателитската навигација.
Оваа сондажа открива уште нешто, имено 23 отсто од мажите-возачи одговориле дека вниманието им го свртуваат атрактивни луѓе, додека оваа причина ја навеле само 3% жени-возачи.

Околу 9% од испитаниците признале дека им се случила сообраќајна несреќа затоа што нешто во тој момент им го свртело вниманието.
„Луѓето се лажат дека истовремено можат да возат и да прават други работи. Ако го свртите погледот од патот само две секунди, при брзина од 50 км/час, практично во слепило ќе поминете 28 метри од патот “ – вели Сајмон Бест, извршен директор на IAM. Стручњаците додаваат дека невниманието во текот на возењето треба да се сведе на минимум и постојано да се усовршува фокусирање на сообраќајот.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605