Вести

Он-лајн продажбата во ЈИ Европа достигна 40 милијарди евра 20-01-2014

Најновите податоци за продажбата преку интернет покажуваат дека на подрачјето на југо-источна Европа во последните четири години е забележан раст од дури 23% годишно и дека на крајот од минатата година достигна 39,5 милијарди евра.

Ова го покажува најновото истражување со наслов „Southern Europe B2C E-Commerce“ спроведено од организацијата „Ecommerce Europe“ која ги обединува он-лајн продавачите.

Според сондажата, на ова подрачје има 128 милиони активни корисници и дека постојат 40 милиони производи и услуги кои можат да се купат преку интернет, меѓу кои и различни видови осигурување.

Но аналитичарите велат дека он-лајн продажбата во набљудуваниот регион, кој ги вклучува Шпанија, Италија, Турција, Грција, Португалија, Хрватска, Кипар и Малта, засега сепак е далеку помала отколку во земјите од северна Европа и инесува само 1,8% од вкупната малопродажба.

Деталите од сондажата, кои во најголем дел се однесуваат на податоци од 2012, сугерираат дека просечниот јужно-европски корисник трошел 833 евра годишно купувајќи во виртуелните продавници. Најмногу трошеле Грците – во просек 1347 евра, потоа Португалците – 979 евра, Шпанците – 864 евра, по што следат потрошувачите во Италија и Турција.

Од друга страна, еден просечен хрватски корисник преку интернет трошел само 154 евра, а приближно толку и корисниците во Малта.
Во истражувањето нема податоци за Македонија, но се смета дека потрошувачката преку интернет засега е исклучително мала.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605