Вести

Осигурување од земјотрес со АЛБСИГ АД и Европа Ре од Швајцарија 14-07-2014

Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје од денес ја почна продажбата на Осигурување од земјотреси – првиот производ произлезен во соработка со Европа Ре – специјализирана компанија за реосигурување на имот од катастрофи, со седиште во Швајцарија.

Програмата на Европа Ре, поддржана од Владата на Република Македонија, е креирана за да им понуди на граѓаните, на бизнис секторот и на земјоделците – ефикасен и ефтин начин за обезбедување долгорочна стабилност и заштита на имотот и дејноста од реалните ризици од природни непогоди, кои можат да се случат во секој момент и секаде.

Европа Ре со слична програма е присутна и во други земји од Југо-источна Европа ( Србија и Албанија) каде што преку партнерство со локалните осигурителни компании се залага за воспоставување долгорочен одржлив систем за осигурување и реосигурување од природни катастрофи, се почести во регионот, како што се смета – последица на климатските промени.

Овој проект е поддржан и од Светска банка, Швајцарската организација за економска соработка, Европакста Унија и Обединетите Нации. Се очекува Европа Ре наскоро да промовира и осигурување од поплави и осигурување за земјоделски посеви.

Според анализите, земјите од Југоисточна Европа се исклучително изложени на поплави, суши и други појави предизвикани од климатските промени, како и на ризици од земјотреси, лизгање на земјиштето и слични непогоди. Светска банка проценува дека евентуални слични елементарни непогоди во Македонија би можеле да предизвикаат економски штети во износ до до 40% од БДП, што би било погубно за економијата.

Неодамнешните поплави во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска се смета дека предизвикаа штета од неколку милијарди евра.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605