Вести

Половина население во Македонија нема осигурување 29-03-2013
 

Резултатите од интернет-анкетата на читателите на бизнис магазинот „Капитал“ за тоа каков тип осигурување има населението во Македонија,  освен задолжителното од автоодговорност, покажуваат поразителни резултати кои го отсликуваат екстремно ниското ниво на знаење и практикување на придобивките од осигурувањето.

Дури 55% од анкетираните одговориле дека немаат никакво осигурување, а само 7% од нив дека имаат повеќе типови на осигурување.

Во анкетата спроведена во првата половина од февруари оваа година,  22% од испитаниците одговориле дека имаат полиса за животно осигурување што се вклопува во општиот тренд на пораст од 20% кај овој осигурителен продукт на македонскиот пазар.


И покрај тоа што животното осигуување бележи раст, неговото учество од само 1,5% во бруто-домашниот производ или 4% од вкупното население е сериозно заостанување во однос на равиените европски пазари.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605