Албсиг Инфо

Правилник за заштита на внатрешно пријавување од укажувачи 13-12-2016
 

АЛБСИГ АД Скопје усвои Правилник за заштита на внатрешно пријавување од укажувачи

На ден 08.06.2016 година, Управниот одбор на Друштво за осигурување АЛБСИГ АД Скопје постапувајќи согласно одредбите од член 4 став 6 од Законот за заштита на укажувачи (Сл. Весник на РМ бр. 196/2015) усвои Правилник за заштита на внатрешно пријавување од укажувачи со кој се уредува начинот и постапката за заштитеното внатрешно пријавување, правата на укажувачите како и постапувањето на Друштвото во врска со заштитеното пријавување и обезбедувањето на заштита на укажувчите како и други прашања важни за внатрешното пријавување.

Укажувач во смисла на усвоениот Правилник претставува:

- Лице кое е во работен однос на неопределено или определено време во Друштвото;

- Кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во Друштвото;

- Лице кое е или било волонтер или практикант во Друштвото;

- Лице кое по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа од Друштвото;

- Лице кое по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со Друштвото;

- Лице кое користи или користело услуги во Друштвото.

Правилник

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605