Вести

Во пресрет на сезонските осигурувања во земјоделството 27-03-2013

По традиција новата сезона за осигурување на насадите и плодовите на земјоделците во Македонија почнува во овој период од годината. Токму затоа Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје деновиве одржа обука за вработените во своите филијали за приближување на овој осигурителен продукт до земјоделците, некои од нив сериозно погодени од невремето и поплавите во последните недели. 

На земјоделците во иднина ќе им бидат овозможени квалитетни информации и непосредна помош при одлучувањето како најдобро да инвестираат и да го заштитат својот труд, детали за тоа како се делат културите и насадите и објаснување на техниките за пресметување и наплатување на премијата.

Обуката што се одржа во Генералната Дирекција на АЛБСИГ во Скопје, опфати и практични примери за унапредување на услугите кон потрошувачите во однос на сите останати доброволни осигурителни продукти.

Клиентите на АЛБСИГ можат и самите да се уверат дека купувањето на осигурителна полиса не мора да биде сложено и нејасно. Тие од вработените на компанијата ќе добијат совет и едноставно објаснување за тоа кои се одликите на Каско осигурувањето за патнички, товарни и друг вид возила. Низ практични примери, за време на работилницата се разговараше и за унапредување на услугите при осигурувањето на имот (објекти, опрема, резреви ), домаќинства, машини, компјутери, стаклени површини и друго.

Обуката опфати и други теми - како определувањето на сумите за осигурување, ризиците и пресметка на премиите при осигурување од несреќен случај или незгода, за индивидуални и колективни незгоди, за несреќни случаи кои инволвираат деца, ученици или студенти, нивните семејства или професори.

Вработените во филијалите на АЛБСИГ во Неготино, Кавадарци, Ресен, Велес, Струмица, Гевгелија и Валандово на тренингот разработуваа и различни сценарија кои се однесуваат на продажба на осигурување од одговорност на превозници ( ЦМР), стока која се превезува, за новите тарифи за овие продукти, франшизи, бонуси и изработка на полисите.

Низ редовна обука на вработените АЛБСИГ постојано се стреми да го подобри квалитетот на своите продукти и комуникацијата со клиентите. Во време на економски предизвици за сите, искористувајќи го капацитетот и искуството на своите вработени, компанијата се обидува да им понуди на клиентите алатки за што поголема финансиска стабилност и помирен сон.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605