Вести

Осигурувањето е неопходност- не луксуз 11-02-2013
 

Европејците и натаму се длабоко загрижени за економската криза. Кога станува збор за намалување на трошоците тие прво би скратиле на исхрана во ресторани, одмори или облека. Но осигурувањето, образованието и плаќањето за сместување и натаму се сметаат за суштински важни давачки.

Едно истражување нарачано од Осигурителната Групација Цирих, спроведено во седум европски земји, покажува дека економската криза најмногу ги загрижува жителите во регионот на Медитеранот.

Најголем број од испитаниците сметаат дека излезот од кризата многу поверојатно ќе го пронајдат обичните луѓе, а не политичарите.

Според сондажата, Швајцарците, Германците и Русите за да си помогнат околу домашниот буџет би ги намалиле прво трошоците за јадење во ресторани. Австријците, Португалците и Шпанците со кратење би почнале од буџетот за патувања, додека Италијанците се подготвени помалку да трошат на облека и модни додатоци.

Четвртина од Швајцарците, Германците и Русите и речиси третина од Австријците се подготвени да издвојат помалку пари за автомобили или моторцикли.

Но сите тие се колебливи кога станува збор за евентуално намалување на трошоците за осигурување, образование и сместување - сметајќи дека овие трошоци се суштински, а не луксуз.

Испитаниците од сите земји опфатени со истражувањето се согласуваат дека и покрај економската криза потребата од добро осигурително покритие не е променета.

Речиси 91% од испитаниците во земјите од Медитеранот и Швајцарија би го задржале осигурувањето дури и кога би биле принудени да го намалат домашниот буџет.
Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605