Вести

Патувањето - добро за здравјето? 28-02-2013



Истражување на Американската асоцијација за патување се обидува да докаже дека патувањето е корисно за здравјето на луѓето, а истовремено корисно и за заедниците и економијата.

„Она што долго време се знаеше како анегдота сега се обидуваме да го докажеме преку авторитетно истражување дека патувањето има позитивен ефект врз нашето здравје, врските, деловниот успех и благосостојбата на заедниците“ – велат од здружението.

Наскоро се очекува да бидат објавени првите наоди од истражувањето кои ќе укажат на ефектот што патувањата го имаат врз меѓусебните односи кај луѓето. Потоа ќе следат студиите за влијанието од деловните патувања како и ефектите што патувањата ги маат врз развојот на приватниот бизнис, локалните заедници и економијата.

Во текот на наредните години истражувачите ќе соработуваат и со Американската асоцијација на пензионери за да дознаат повеќе за тоа колку патувањата се корисни за оваа возрасна група.

Кампањата се очекува да го промени начинот на кој луѓето гледаат на патувањата и да ги охрабри што поќесто да тргаат на пат.

Ако се прашувате на кој начин патувањето делува позитивно, еве само некои од одговорите произлезени од досегашните сондажи:

- Студентите кои патуваат во странство имаат речиси двојно повеќе изгледи да се стекнат со диплома, а воп иднина да заработат дури за 40% повеќе во споредба со нивните врсници кои не мрдаат од дома.  
- Работниците кои земаат слободни денови се попродуктивни, имаат повисок морал, помалку се поплакуваат на стрес и се помалку наклонети кон „откажување“ од работата.
- Една третина од луѓето кои патуваат од задоволство велат дека имаат повеќе и подобар секс додека се на одмор.
- Туристичката индустрија отвора милиони работни места и носи огромни заработувачки за локалната економија....

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605