Албсиг Инфо

Известување за одржување на Собрание на Акционери на Друштво за осигурување АЛБСИГ АД Скопје 25-01-2018
 

На ден 24.01.2018 година, во седиштето на Друштво за осигурување АЛБСИГ АД Скопје во 10.00 часот, ќе се одржи Собрание на акционери на Друштвото.

Управниот одбор на Друштвото на ден 25.12.2017 година упати Покана за учество на седница на Собрание на акционери на Друштвото до Акционерите:

1. АЛБ – СИГУРАЦИОН Тирана, Албанија, со седиште на ул. “Џорџ В. Буш” бр.10 Тирана, Република Албанија, со идентификационен број К42108801C претставувано од Законски застапник Г-дин. Мухарем Бардоци од Р. Албанија.

2. Џ – Џ Технологија ДОО експорт – импорт Скопје, со седиште на ул. Славеј Планина бр. 4А Скопје, Центар, со ЕМБС 6914438, застапувано од Управител Џенк Јилмаз и Управител Џемил Бурге.



Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието. Секој акционер кој има намера да учествува на седницата на Собранието на Друштвото, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание. Пријавите да се достават на адреса Ул. 1737 бр. 32, Скопје.

Во прилог:

Покана за учество на седница на собрание на акционери на Друштвото.

Предлог - Одлука за определување на Нотар за составување на Записникот од Собрание на акционери

Предлог - Одлука за извор на Претседавач на Собрание на акционери

Предлог – Одлука за промена на називот – фирмата на Друштвото

Предлог – Одлука за промена на заштитен знак на Друштвото

Предлог – Одлука за промена на Статутот на Друштвото

Предлог – Одлука за утврдување на престанок на мандатот на членовите на Надзорен одбор

Предлог - Одлука за именување на членови на Одбор на директори на Друштвото

Предлог – Одлука за утврдување надоместок за членови на Одборот на директори.

CV - Џенк Јилмаз

CV - Џемил Бурге

CV - Биљана Ѓозинска

CV - Исни Абази

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605