Вести

Скапи временски непогоди! 27-03-2014

Природните непогоди минатата година, како поплавите во Европа, снежните бури во САД и тајфуните во Азија, ги чинеа осигурителните компании во светот 45 милијарди доалри, соопшти деновиве влијателната швајцарска компанија за реосигурување Свис-Ре.
Оваа сума претставува една третина од вкупниот износ на економските загуби од непогодите, кој се проценува на 140 милијарди долари. 
Свис-Ре, со седиште во Цирих, додава дека во 308-те катастрофи и непогоди низ светот минатата година, вкупно 26,000 луѓе го загубиле животот.
Најпогоден регион беше Азија, со економска загуба од 62 милијарди долари и преку 20,000 жртви. Но со оглед на релативно ниското ниво на осигурување, за надомест на штети во Азија биле исплатени само 6 милијарди долари.
Гледано од аспект на осигурувањето, во Европа се случија најскапите природни непогоди. Големите поплави низ централна и источна Европа, во мај и во јуни 2013, предизвикаа масовни штети во Германија, Чешката Република, Унгарија и Полска. Тоа доведе до исплата на 4,1 милијарда долари за обесштетување и економска загуба во износ од 16,5 милијарди долари.
Втората европска непогода беа силните врнежи од град што ги погодија Германија и Франција во јули 2013, резултирајќи со исплата за обесшетување на 3,8 милијарди долари и економска загуба од 4,8 милијарди. Најголемиот број побарувања за надомест на штета – највисок износ до сега како последица од град – дојде од густо населените региони во Германија.
Вкупно, Европа доживеа економска загуба во износ од 33 милијарди долари, од кои 15 милијарди за исплата врз основа на осигурување.
Соединетите Држави кои беа погодени од силни грмотевици, торнада, врнежи од град и снежни виулици, имаа вкупна штета во износ од 32 милијарди долари, од кои 19 милијарди беа осигурени.
Но сепак, според Свис-Ре, глобалните бројки за 2013 беа значително помали споредено со 2012 година.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605