Албсиг Инфо

Обука за вработените - Усовршување на работните процеси на АЛБСИГ А.Д. 24-04-2013
Најзначајната вредност на секоја модерна компанија се вработените. Албсиг континуирано работи на усовршување на своите вработени со цел да се подобрат капацитетите на компанијата за да им излезе во пресрет на сите потреби на клиентите.

На 26 јануари 2013 година раководството на Албсиг одржа обука за раководните лица  во филијалите со цел да се подобрат работните процеси во сите подружници на Друштвото. Најчесто филијалите се директниот линк на компанијата со клиентите, па целта на обуката беше да се подобри ефикасноста на работењето, а следствено и нивото на грижата за корисниците на нашите производи.

Презентери на обуката беа директорите на секторите за продажба, штети, ревизија и финансии во Албсиг АД Скопје. Фокусот на презентацијата за продажба беа начините на нудење и уплата по филијалите со цел побрзо и полесно да се задоволат потребите на корисниците. Ефикасноста, транспарентноста и брзината на третманот на штетите, како најважен фактор за клиентите, беше главната тема во текот на презентацијата за штети. Акцентот на презентацијата што ја одржа директорот за финансии беа побрзата и поефикасна обработка на полисите и штетите од почетокот до крајот на полисата, односно од клиентот до управата на Друштвото. Додека во текот на презентацијата за ревизија главна тема беше правилното и транспарентно работење на филијалите во согласност со законите и актите на Друштвото.

Албсиг и во иднина ќе продолжи да инвестира во своите човечки ресурси на различни начини, меѓу другото и преку оваа серија обуки од менаџментот насочени кон вработените во филијалите низ Македонија.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605