Вести

Полово-еднакви загуби во ЕУ 20-02-2013

Албсиг осигурување, Albsig osiguruvanje
Милиони луѓе се соочија со измени на цените што ги плаќаат за осигурување откако при крајот на минатата година во земјите од Европската Унија стапија во сила новите правила за полова еднаквост донесени од Европскиот суд за правдата. 

„Единствената фер работа околу новите прописи е што и мажите и жените се казнети“ - велат пратенички во Европскиот парламент сомничави кон праведноста на новите правила.

Според новите прописи, осигурителните компании повеќе не можат да ги пресметуваат премиите за нивните осигуреници земајќи го предвид нивниот пол. Ова значи дека тие веќе не можат на жените да им нудат пониски цени за автомобилско осигурување, ниту пак на мажите повисоки годишни приходи од нивниот приватен пензиски фонд. 

Но иако е сеуште рано за точно да се знае чиј џеб ќе биде најмногу погоден како последица на новите правила, некои претпоставки сугерираат дека еден европски маж пензионер може да се соочи со вкупна загуба и до 11 илјади евра, додека некои жени-возачи ќе мора да плаќаат и до 40% повисоки давачки за автомобиско осигурување. 

„Па дали ова е цената што жените-возачи требаше да ја платат за да постигнат полова еднаквост“ - додаваат сомничавите пратенички.

Неодговорени прашања имаат и осигурителните компании. Таканаречените „полово неутрални“ премии според кои мажите и жените се третираат еднакво, според нив се косат со очигледно различните ризици.

Статистички податоци во Британија сугерираат дека мажите помлади од 22 години имаат десет пати поголеми изгледи да направат сериозен судар, 25 пати поголеми шанси да извршат сообраќаен прекршок и двојно поголема веројатност за побарување до осигурителните компании за надомест на штета. 

Пред стапувањето на новите правила, жените до 30 години во некои земји од ЕУ плаќаа помали премии за автомобилско осигурување затоа што статистиката покажува дека поретко се одговорни за сообраќајна незгода во споредба со нивните машки врсници.

Мажите пак користеа поволности при пензиското осигурување поради обично покусиот животен век во споредба со жените.
 
 
Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605