Албсиг Инфо

Првиот квартал поуспешен од планираното 24-04-2013

Анализата на работата на филијалите на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје деновиве заклучи дека планот за продажба во првиот квартал од годинава е надминат за 5%.

И во првите три месеци од 2013, како и во претходниот период, меѓу најпродаваните продукти беше осигурувањето од автоодговорност, но во одредени средини веќе се видливи резултатите од напорите за поголема застапеност на доброволните осигурувања.

На состанокот на директорите на АЛБСИГ АД Скопје со менаџерите на дваесетина филијали низ Македонија, што се одржа на 12.04.2013 во Скопје, беше истакнато дека со новите насоки во работата на компанијата во голема мера е зголемена довербата меѓу клиентите и е обезбедена стабилна база за натамошен напредок. 

АЛБСИГ ќе продолжи со креирање нови продукти и прилагодување кон динамиката која ја наметнува осигурителниот пазар во Македонија. 

Деновиве АЛБСИГ на пазарот понуди Осигуреување на сметководители од одговорност од дејност, а нскоро се очекува да пласира пакет за Доброволно здравствено осигурување. 

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605