Вести

Неизвесност со климатските промени 26-03-2013

Што подбро ги разбереме климатските промени, подобро може да дејствуваме. Albsig, Албсиг

Климатските промени се феномен чии последици е тешко да се претпостават и покрај тоа што научниците веруваат дека се’ се поблиску до одговорот. Во вакви околности осигурителните компании и научната заедница се чини користат слични модели за на некој начин полесно да ги предвидат ризиците.

Но и покрај се – некои неизвесности и натаму остануваат.
За да ја утврдат перцепцијата на луѓето, од разни краишта на светот, во однос на климатските промени, големите осигурувачи и натаму од сите агли ги анализираат податоците од сондажата со наслов „Индивидуална перцепција на климатските ризици“ спроведена на крајот од минатата година од ИПСОС, водечка компанија во светот за истражување на пазарот.

С
тудијата покажува дека без оглед колку квалитетно се креираат модели за предвидување на последиците – иднината и натаму е обвиткана во неизвесност, особено на долг рок. Како последица на различните сценарија за глобално затоплување, проекциите на ефектите исто така варираат во голема мера.

Особено е тешко да се предвидат последиците од глобалното затоплување на поедини, локални региони, веќе зафатени од сложени климатски феномени.

Во овој контекст, осигурителната индустрија мора да постапува прагматично, да ги прилагоди своите продукти за да го намали ударот од промените во природата, затоа што веќе се сигурни дека нивниот бизнис е сериозно погоден.

„Нашата улога како осигуривачи е да ги заштитиме нашите клиенти. Поради тоа наша должност е да ги сфатиме ризиците, за да можеме да ги предвидиме и да ги измериме. Ние го споделуваме знаењето затоа што веруваме дека осигурувачите можат да и мораат да му помогнат на општеството да се прилагоди кон климатските ризици, но и да го намали ризикот уште на неговиот извор“ – велат од осигурителната компанија АКСА.

Сондажата спроведена на неколку континенти покажува дека 9 од 10 испитаници веруваат дека климата се има значително променето во последните 20 години. Три четврдини сметаат дека климатските промени се научно докажани , 73% велат дека лично ги набљудуваат промените, 97% тврдат дека поради тоа се чувствуваат нервозни, 30% велат дека нивниот личен комодитет е веќе погоден од промените на климата, 61% од испитаниците сметаат дека осигурувачите можат да одиграат важна улога и да го ограничат ризикот повразан со климатските промени.

Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605