Вести

Осигурувањето и личните податоци 19-05-2014

АЛБСИГ АД Скопје се вклучи во кампањата за заштита на личните податоци при осигурувањето под мотото "На сигурно си“ чија цел е подигање на свеста кај населението за начинот на кој оваа индустрија ги собира,
чува и обработува информациите за своите клиенти.

Кампањата во која учествуваат уште 12 осигурителни компании и две брокерски куќи кои дејствуваат во Македонија ќе ја спроведува Дирекцијата за заштита на лични податоци, со поддршка на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Кампањата ќе се реализира низ неколку градови во Македонија, започнувајќи со Скопје, а потоа и Гостивар, Битола, Штип, Струга.

На отворените работилници, граѓаните ќе можат да се информираат за тоа дали осигурителните и брокерските компании имаат право да го обработуваат нивниот матичен број, да задржат фотокопија од нивната лична карта, да ги откријат личните податоци кон трети лица и слични активности.
Назад
Вести:
Албсиг во соработка со Европа Ре
Осигурување од земјотрес
Осигурување на посеви
info@albsig.com.mk Централа:
02 / 3122 385
Сектор за штети:
02 / 3220 605